недела, 28. мај 2023. Вести денес: 7
home Регион

Хрватска затрупана во снег

Хрватска затрупана во снег

Во Хрватска натрупа толку многу снег, што веќе нема како да се чисти и каде да се фрли за да се ослободат патиштата.

На делови има снежна покривка од 118 сантиметри.

Врнежите кои не престануваат се закана дека до утре ќе паднат уште 30-50 сантиметри снег.

Во земјата е веќе издаден црвен метеоаларм. На терен е и војската, а на граѓаните им помагаат и комуналните работници и полицијата.