вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Хрватска: Укинат имунитет на тројца пратеници, осомничени се за проневера

Хрватска: Укинат имунитет на тројца пратеници, осомничени се за проневера

Хрватскиот Парламент денеска го укина имунитетот на пратениците Дарко Пуљашиќ и Винко Гргиќ од ХДЗ, односно СДП, како и на Дражен Баришиќ поради покренување истрага за „случајот Јанаф“.

УСКОК (Управа за сузбивање копција и организиран криминал) вчера почна истрага против директорот на компанијата Јанаф, Драган Ковачевиќ и уште десетмина осомничени за проневера со тендер.

Парламентот даде одобрување за апсење на Баришиќ и Гргиќ и притвор поради сомнение дека биле вмешани во аферата „Јанаф“.

Хина наведува дека ова се невидени одлуки во современиот парламентаризам, бидејќи имунитетите на тројца пратеници никогаш не биле укинати за еден ден. Одлуките беа донесени со големо мнозинство гласови.

Коронавирус