вторник, 11. август 2020. Вести денес: 61
home Регион

Хрватска со најголеми загуби во БДП поради туризмот

Хрватска со најголеми загуби во БДП поради туризмот

Хрватска се наоѓа на трето место меѓу 15 земји во светот чиј БДП би можел најмногу да настрада од загубите во туризмот, се наведува, меѓу другото во најновиот извештај на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНЦТАД).

Според извештајот на главниот орган на Генералното собрание на ОН кое се занимава со трговија, инвестиции и развој, Јамајка, Тајланд и Хрватска се првите три држави меѓу 15 најпогодени, а следуваат Кенија, Мароко, Грција, Маурициус, Сенегал, Ирска, Египет, Јужна Африка, Малезија и Шпанија.

Анализирајќи го влијанието на загубите во туризмот врз учеството на таа гранка во националниот БДП, УНКТАД проценува дека Јамајка и Тајланд може да претрпат најголеми загуби, од 11, односно девет проценти. Во Хрватска, таа загуба, според нивните, како што велат, умерените проценки, би можела да биде осум проценти, по што следат Португалија со загуба од шест проценти и Доминиканската Република со пет проценти.

УНЦТАД предупредува дека туристичкиот сектор во многу богати земји, исто така, ќе чувствува притисок . При тоа ги споменуваат популарните европски и северноамерикански дестинации, вклучувајќи ги Франција, Италија и САД, за кои, исто така, се предвидува дека ќе изгубат милијарди долари како резултат на драматичниот пад на меѓународниот туризам.

Хрватска, Тајланд и Јамајка, се издвоени и поради можното брзо намалување на платите на квалификуваните работници, при што, во оптимистично сценарио, платите ќе се намалат од 9 до 12 отсто.

Во извештајот, уште се посочува, дека светскиот туризам би можел да изгуби над 1.200 милијарди американски долари или 1,5 отсто од глобалниот БДП по речиси четири месеци прекин на туризмот поради пандемијата на коронавирус.

Коронавирус