понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 17
home Регион

Хрватска објави нови препораки за одржување свадби, дозволено е танцување

Хрватска објави нови препораки за одржување свадби, дозволено е танцување

Хрватскиот Завод за јавно здравје објави нови препораки за свадби, според кои танцувањето е дозволено само за младенците и нивните родители, или за членовите на блиското семејство, на почетокот на прославата, а после тоа не е дозволено танцување.

За време на свадбената прослава, се препорачува физичко растојание од еден и пол метар во сите области, и ова правило не мора да се применува кај членови на исто домаќинство или лица кои се во близок контакт.

Секоја личност на венчавката мора да има простор од најмалку четири квадратни метри, а доколку има повеќе од 50 гости на свадбата, мора да се обезбедат ковид-редари, пренесува Индекс.хр

Местата за седење мора да бидат означени однапред и оддалечени метар и половина, а растојанието помеѓу масите мора да биде три метри.

Може да има најмногу осум лица на една маса.

Коронавирус