вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Хрватска новинарка истури фекалии пред Владата во Загреб

Хрватска новинарка истури фекалии пред Владата во Загреб
epa03757462 A Croatian national flag (R) and a European Union flag (L) fly side by side in front of the government building in Zagreb, Croatia, 24 June 2013. Following the successful ratification of its European Union Accession Treaty by the national parliaments of the 27 member states, the Republic of Croatia is set to join the European Union as the organization's 28th member on 01 July 2013. EPA/ANTONIO BAT

Хрватската новинарка Ива Анзуловиќ денеска истурила кофа полна со фекалии пред влезот на хрватската Влада во Загреб. Според „Вечерњи лист“, ова е втор пат новинарката да го стори тоа, а причината е несериозноста во борбата против корупцијата во Хрватска.

– Ќе ги поливам со измет сите за кои аргументирано, според новинарски текстови, се знае дека се криминалци. Од денеска ниту еден докажан криминалец нема да се чувствува безбедно било каде во јавноста, и ниту една институција нема да знае кога ќе ја гаѓам со фекалии, напиша Анзуловиќ на нејзината Фејсбук страница.

За време на протестот таа носела мајца со ликот на новинарот Синиша Главашевиќ, убиен за време на српската опсада на Вуковар. (МИА)

Коронавирус