среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 50
home Регион

Хрватска неформално ги отвори границите за туристи пред четири дена

Хрватска неформално ги отвори границите за туристи пред четири дена

Хрватска неформално ги отвори своите граници за туристите пред четири дена, пишува загрепски „Јутарњи лист“, потсетувајќи дека министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ најави дека денеска ќе се донесе одлука за туризмот на ниво на Европската унија.

Весникот пишува дека тоа било навестено вчера, кога Божовиќ на редовната прес-конференција на Штабот за цивилна заштита потврди дека луѓето кои на граница докажале дека имаат резервирано туристичко сместување во Хрватска, всушност влегле во земјата без никакви проблеми.

Весникот забележува дека формално-правно тоа е спротивно на препораките на Хрватскиот институт за јавно здравје од 9 мај, со кои се пропишува дека странците можат да ја преминат хрватската граница само во три специфични ситуации и тоа кога во Хрватска имаат недвижен имот или пловило, ако доаѓаат на погреб или се во земјата од деловна причина.

„Јутарњи“, повикувајќи се на неофицијални извори, навадува дека токму туристите спаѓаат во категоријата економски интерес и иако тоа никаде не е децидно наведено, тие всушност можат да влезат во земјата.

Коронавирус