понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 150
home Регион

Хрватска ја скрати самоизолацијата на десет дена

Хрватска ја скрати самоизолацијата на десет дена

Хрватскиот институт за јавно здравје објави нови критериуми за тестирање на коронавирус, прекинување на изолација и карантин.

Според новите регулативи, самоизолацијата е скратена од две недели на 10 дена.

Според одлуката на експертската група на кризниот штаб на МЗ, самоизолацијата на лице кое е во близок контакт со болен пациент од Ковид-19 е скратена од 14 на 10 дена. Исклучок се луѓето кои работат во институции за сместување и престој за стари и сериозно болни возрасни лица и лица со попреченост, чиј карантин трае 14 дена ,се наведува во одлуката, а пренесува „Индекс“.

Веќе некое време се зборува за скратување на самоизолацијата од 14 на 10, објавен е документ вчера.

Пред некое време изолацијата беше скратена, а од вчера имаме ваква одлука во врска со самоизолацијата. Сега е 10 дена и самоизолацијата и изолацијата – откри Ивана Павиќ-Шиметин, заменик директор на Хрватскиот институт за јавно здравје.

 

Коронавирус