вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Регион

Хрватска е против промена на границите меѓу Косово и Србија

Хрватска е против промена на границите меѓу Косово и Србија

Хрватска не ја поддржува идејата за корекција на границата меѓу Косово и Србија, затоа што не верува дека тоа би придонело за стабилноста на регионот, изјави хрватската амбасадорка во Приштина Марија Капитановиќ во интервју за весникот „Џери“.

Таа, како што јави дописникот на МИА од Приштина, смета дека нешто такво може само да отвори нови прашања и нема да донесе решение за постоечките.

-Што се однесува до корекцијата на границите, од гледна точка на некој кој доаѓа од една земја која мина низ тешки времиња, ние не мислиме дека тоа е најдоброто можно решение, изјави Капитановиќ.

На прашањето за визната либерализација за Косово, амбасадорката на најмладата членка на Европската унија рече дека во моментов не може да се каже кога на косовските граѓани ќе им се овозможи слободно движење во Европа.