сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 45
home Регион

Хрватска донира вакцини на земји од регионот, меѓу нив НЕ е Македонија

Хрватска донира вакцини на земји од регионот, меѓу нив НЕ е Македонија

Владата на Хрватска одлучи да донира 50.000 дози вакцини за земјите на Балканот. Според одлуката, во Босна и Херцеговина ќе бидат дистрибуирани 30.000 дози, а по 10.000 ќе добијат Црна Гора и Косово.

Според наводите на „Јутарњи лист“ од извор во Хрватскиот завод за јавно здравје, најверојатно станува збор за вакцини од британско-шведската компанија АстраЗенека, иако хрватската Влада во нејзината одлука не прецизира која вакцина ќе ја донира.

Според последните податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Хрватска во моментов има скоро 450.000 неискористени дози, а нешто повеќе од 200.000 се вакцини на „АстраЗенека“.

Досега во Хрватска пристигнаа вкупно 1,37 милиони дози вакцини од сите производители, од кои повеќе од половина (726.570) се од „Фајзер“.

Коронавирус