четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 62
home Регион

Хрватска доби нова Влада

Хрватска доби нова Влада

Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и нејзината програма доцна синоќа ја доби довербата на Парламентот.

По целодневната расправа, за вториот состав на кабинетот на Пленковиќ гласале 76 пратеници од вкупно 151, а против се изјасниле 59.

Новата Влада има 16, наместо досегашните 20 министерства, како и четворица потпретседатели Давор Божиновиќ, Здравко Мариќ, Томо Медвед и Борис Милошевиќ.

Пленковиќ на крајот од расправата им се заблагодари на пратениците кои и дадоа поддршка на програмата и на луѓето кои ги претставил, но и на оние кои изразиле критики и несогласување.

Тој порача дека ќе настојува да ја оправда довербата, која ја доживува „како обврска и шанса“ за Владата и за сите хрватски граѓани.

– Формиравме парламентарно мнозинство со партнерите со кои, сигурен сум, ќе ја спроведеме програмата околу која се согласуваме, изјави Пленковиќ, додавајќи дека се доволни 76 „раце“, колку што има парламентарното мнозинство, доколку постои конструктивност и желба за работа за Хрватска.

Хрватскиот премиер најави и дека Владата ќе се труди да биде поотворена кон предлозите на опозицијата.

Коронавирус