петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 19
home Регион

Хрватска: 71 нов случај на коронавирус, починало едно лице

Хрватска: 71 нов случај на коронавирус, починало едно лице

Во Хрватска е потврден 71 нов случај на коронавирус во последните 24 часа, а од последиците на вирусот починало едно лице, соопшти денес Националниот кризен штаб на таа земја.

Министерот за здравство Вили Берош вели дека е очигледен трендот на опаѓање во однос на минатата недела и додаде дека сега во таа земја се активни 754 случаи, пренесе порталот „Индекс“.

Берош извести дека од последиците на коронавирусот во таа земја денес починал 70 годишен маж кој боледувал и од други болести.

Од почетокот на пандемијата во таа земја починало 141 лице, моментално на болничко лекување се 132 лица, од кои осум на респиратор, вели Берош, додавајќи дека од почетокот на епидемијата во Хрватска се регистрирани 4.993 заболени со коронавирус.

Коронавирус