петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 128
home Регион

Хоти: Тачи ги урива дводецениските напори за градење косовска држава

Хоти: Тачи ги урива дводецениските напори за градење косовска држава

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти денеска ја повтори загриженоста поради, како што рече, противуставните настојувања на претседатело Хашим Тачи за промени на границите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според шефот на пратениците на најголемата косовска опозициска партија, заложбите на Тачи им штетат на севкупните напори вложени во Косово за градење на земјата како безбедно место за сите заедници.

– Противуставното инсистирање на актуелниот претседател за корекција на границата им штети на нашите заложби во изминатите две децении за градење на држава во која граѓаните од сите заедници ќе чувствуваат безбедност за нивната иднина, напиша Хоти на Фејсбук.

Според него, ваквите заложби на Тачи ја зголемуваат недовербата во институциите на Република Косово од страна на некои етнички заедници.

– Ќе ни треба многу време и енергија за да ја вратиме вербата на сите граѓани на Косово дека нема промена на границите, дека нема поделба на Косово и дека нивната иднина во Косово е безбедна, напиша Хоти. (МИА)

Коронавирус