понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 81
home Регион

Хоти и Вучиќ разговарале за раселени лица и економска соработка

Хоти и Вучиќ разговарале за раселени лица и економска соработка

Високиот претставник на ЕУ задолжен за регионалните прашања на западниот Балкан, Мирослав Лајчак, изјави дека лидерите на Србија и Косово покажале посветеност на денешната рунда преговори во рамките на Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова беше првата физичка средба во рамките на Дијалогот помеѓу српскиот претседател, Александар Вучиќ, и косовскиот премиер, Авдулах Хоти, под покровителство на Европската унија во Брисел. Претходно се одржа една рунда преку видеоконференција.

За првпат по дваесет месеци Приштина и Белград прифаќаат повторно да разговараат за нормализација на односите.

Лајчак кусо изјави за медиумите вечерва дека на денешната рунда лидерите покажале посветеност. Темите на дневен ред биле исчезнатите и раселените лица, „симболична тема за помирувањето и многу конкретна за семејствата“, рече Лајчак.

Втората тема на дневен ред денеска била економската соработка.

-Економската соработка е еден од столбовите на Европската Унија, интензивирањето на економската соработка, искористување на целосниот потенција на Косово и Србија и подобрувањето на животниот стандард на луѓето, објасни специјалниот претставник, се теми за кои лидерите на Србија и Косово прифатиле интензивно да работат.

Идната недела веќе ќе се одржи нова рунда на експертско ниво на овие теми, а двајцата лидери се согласиле да се сретнат повторно физички во Брисел на почетокот на септември. 

Коронавирус