сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Хоти бара од косовските безбедносни институции да се координираат со КФОР

Хоти бара од косовските безбедносни институции да се координираат со КФОР

Косовскиот премиер Авдулах Хоти на денешниот состанок со челниците на безбедносните институции побара нивна координација со меѓународните механизми, во прв ред со меѓуннародните трупи стационирани во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.

На состанокот, одржан преку видео-конференциска врска, учествувале министерот за внатрешни работи Агим Велиу, министерот за одбрана Антон Ќуни, директорот на агенцијата за разузнавање Крешник Гаши, командантот на Безбедносните сили на Косово, генерал-полковникот Рахман Рама и директорот на Полицијата на Косово, Рашит Ќалај.

Во владиното соопшение по состанокот, се наведува дека Хоти побарал од надлежните институции „натамошна посветеност и мобилизација“ и во справувањето со епидемијата на Ковид-19.

– Премиерот исто така побара координација со меѓународните безбедносни механизми, а посебно со КФОР, како стратешки партнер на Косово во областа на одбраната и безбедноста, се вели во соопштението.

Состанокот уследи по инцидентот од саботата, на 8 август, кога патрола на српската жандармерија навлезе во косовското село Карачево, на границата меѓу двете држави. По бурните реакции кои уследија во косовската јавност откако беа објавени снимки на српската патрола во селото, КФОР објави дека се работело за заедничка патрола која била синхронизирана со српската војска.

Коронавирус