среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 37
home Регион

Хотел во Драч со 6.000 литри бензин под опасада на полицијата, стравуваат од нов земјотрес (ВИДЕО)

Хотел во Драч со 6.000 литри бензин под опасада на полицијата, стравуваат од нов земјотрес (ВИДЕО)

Сопственикот на хотелот „Љубљана“ во Драч ги повика надлежните служби затоа што во подрумот на објектот има канистери со 6.000 литри бензин. Тој предупредил дека ново тресење на тлото може да предизвика експлозија.

Некои медиуми, пренесуваат дека станува збор за 260 литри бензин.

Полицијата го обезбедила подрачјето, а пожарникарите се на лице место.

На истата улица има уште еден хотел, во кој три лица се заробени под урнатините.

Албанија ја погодија силни земјотреси со јачина од 6,4 и 6,5 степени според Рихтерова скала, а епицентарот беше недалеку од Драч.

Коронавирус