недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Регион

Хорор во Србија: Го избодел својот сосед поради ролетна

Хорор во Србија: Го избодел својот сосед поради ролетна

41-годишниот Добрица Р. од Параќин е уапсен поради сомнение дека ноќта меѓу неделата и понеделникот мајорот Гавриловиќ од Праќин го избодел со нож соседот 62-годишниот Божидар Стојниќ, кој набрзо потоа починал.

Како што дознава Курир.рс, злосторството се случило на влезот од зградата, каде убиецот ја убил жртвата во градите и стомакот, а потоа се вратил во својот стан, во кој бил уапсен.

Се претпоставува дека мотивот на монструозното убиство е соседска нетрпеливост и кавга, која веќе долго време трае.

– Не знам кому му пречеше нечија ролетна, но слушнав дека поради неа се карале два часа. Во еден момент, соседот го слушна Добрица како му се дере на несреќниот Божидар: „Почекај ме, сега ќе се вратам“. Веројатно после тоа се вратил со нож и го прободел во гради. Неговиот роднина вели дека еден убод бил директно во срце – раскажала една сосетка за српските медиуми.

Таа додала дека Добрица на нивната улица живее со сопругата и детето околу 10 години и дека целото маало имало некакви проблеми со него.

-Беше прашање на време кога ќе направи злосторство. Тој своето дете знаеше да го брка со нож по улица. Еден сосед го удри со секира по глава, после што му се судеше. Од друга страна, сите се плашеа затоа што беше крадец и непресметлив. Полицијата го апсееше, но секогаш излегуваше на слбоода – рекла сосетката.