сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Регион

Хорор во Косово: Убиени четири лица, меѓу нив две деца

Хорор во Косово: Убиени четири лица, меѓу нив две деца

Со калашников е пукано во автобус со ученици во Косово во селото Глоѓане кај Дечани. Најмалку четири лица загинаа, а меѓу нив и две деца.

Возачот и кондуктерот на автобусот загинале на самото место, додека подоцна на повредите им подлегнале двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години.

Пукањето кон автобусот било околу 19 часот.

-Според информациите со кои располагаме има сомнеж дека дошло до пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени, соопшти полицијата од Пеќ.

Досега се идентификувани три убиени лица и тоа возачот Гани Ѓокај и учениците од селото Глоѓана Љ.Х.(19) и Г.М.(17). Идентитетот на кондуктерот не е познат во моментов.

Коронавирус