Тешко злосторство се случило изутринава во местото Шала, регионот на Мемалијај, Албанија во кое како што јавува Топ Чанел, син го убил својот татко со секира.
Сторителот на злосторството е маж на 35 годишна возраст, кој имал имал проблем со психичкото здравје.
Жртвата е неговиот 78-годишен татко кој отишол по дрва во шумата. Таткото и синот започнале расправија што потоа се претворила во убиство.
Полицијата врши истрага на местото на настанот. Балканвеб пак дознава дека 35-годишникот неодамна се обидел да убие еден свој братучед, додека во 2003 година се обидел да ја убие својата мајка.
Полицијата во Мемалијај е во потрага по осомничениот за злосторството, за кој постојат сомнежи дека се крие во шумите во селото.