На група работници од Србија кои изведувале градежни работи во ексклузивно летувалиште „Златен залив“ во градот Анапи, кај Сочи во Русија, во 2013 година им се губи трагата, а се верува дека се убиени и дека зад тоа стои рускиот мафијаш Сергеј Зиринов.
Се верува дека тие се убиени и забетонирани во темелите на Јахт клубот.
Како што пренесува рускиот портал МЗК1, српските работници кои го граделе аква паркот, јахтинг клубот и хотелот биле присилени бесплатно да ја изградат и зградата на регионалниот суд во тој град, а бидејќи тоа го одбиле, биле вознемирувани и на крајот исчезнале, а нивните тела никогаш не биле пронајдени.
Руските медиуми тврдат дека со истрагата е утврдено дека работниците биле убиени и забетонирани во темелите на јахтинг клубот, но бидејќи за набавка на тие докази било потребно да се сруши повеќеспратниот луксузен хотел, целиот случај е запрен. Се проверуваат и индициите дека работниците се живи забетонирани.