среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Регион

Хоџа побара од Хан забрзување на процесот на визна либерализација за Косово

Хоџа побара од Хан забрзување на процесот на визна либерализација за Косово

Министерката за евроинтеграции на Косово Дурата Хоџа побара од комесарот за проширување на Европската Унија Јоханес Хан да се заложи за процесот на визна либерализација за косовските граѓани да се заокружи до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти денеска Министерството, Хоџа на средбата со Хан на Конференцијата на европски региони и градови во Салцбург, изразила благодарност до еврокомесарот за неговата досегашна поддршка за Косово и за неговите напори за проширување на ЕУ во Западен Балкан.

– Ние ги исполнивме сите услови од насоките за визна либерализација и продолжуваме со исполнување на Агендата за европски реформи, изјавила Хоџа на средбата со Хан, додавајќи дека Косово сега очекува и членките и институциите на ЕУ да ги преземат потребните процедурални чекори и процесот да се заврши без одолговлекување.

Хан, се вели во соопштението, нагласи дека Косово ја има неговата поддршка во процесот на интеграција, вклучително визната либерализација и ја охрабри министерката Хоџа земјата да продолжи со реформите, посебно во поглед на владеењето на правото, во јавната адмјинистрација и водењето бизнис. (МИА)

Коронавирус