петок, 4. декември 2020. Вести денес: 54
home Регион

Херојска приказна со трагичен крај: Баба со прегратка го штитела внучето од земјотресот, но не успеа да се заштити себеси

Херојска приказна со трагичен крај: Баба со прегратка го штитела внучето од земјотресот, но не успеа да се заштити себеси

Драматична е сликата по силниот земјотрес кој ги потресе жителите на Албанија. Земјотресот однесе неколку жртви, а можеби најтажна вест која ќе ја прочитате денеска е токму тоа дека првата жртва, повозрасна жена чие тело беше извлечено од урнатините во своите прегратки го заштитувала своето внуче.

Го држела цврсто, а за среќа спасувачките екипи успеале да го извлечат и сега е во добра состојба.

Земјотресот предизвика големи материјални штети во Драч. Се уште има заробени под урнатините. Најмалку десет лица,кои спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат.

Во Драч прстигна и премиерот Еди Рама, минстерката за одбрана Олта Џака и минстерот за внатрешни работи Сандер Лешај.

Сите здравстени установи и другите структури се во мобилна состојба, а како што објави министерката за здравство Огета Манастирлиу повредени се околу 150 лица, главно со скршеници и набиеници.

Министертвото за образование соопшти дека поради актуелната состојба денеска настава нема да има во училиштата во околините Драч, Тирана и Лежа.

До сега е објавено дека две деца се спасени и се во добра состојба. На видеото во продолжените погледнете како мало дете под урнатините моли за помош.

Според она што до сега го објавија албанските медиуми полицијата почнала потрага со кучиња во урнат хотел во Драч за да може да се провери ситуацијата без разлика дали има или нема жртви.

Во Дуреш паднала цела петкатница, а од урнатините е спасено едно дете, јавуваат локални медиуми.

Освен во Албанија земјотресот беше почувствуван и кај нас, но речиси и на целиот Балкан.

Коронавирус