петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Регион

Хашкиот суд ги осуди Станишиќ и Симатовиќ на по 12 години затвор – еве за што ги терети

Хашкиот суд ги осуди Станишиќ и Симатовиќ на по 12 години затвор – еве за што ги терети

Хашкиот суд денеска ги осуди поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки, на по 12 години затвор за злосторства на „Црвените беретки“ против несрпското население во Босански Шамац, во пролетта 1992 година.

Судот утврди дека Станишиќ (71), тогашен началник на СДБ Србија и Симатовиќ (71), првиот оперативец на Службата, биле виновни за помагање и поддржување прогон, убиство, депортација и присилно преместување муслимани и Хрвати од таа општина.

Според судијата Бартон Хол, Судскиот совет утврдил дека Обвинителството не ја докажало вината на Станишиќ и Симатовиќ за злосторства во уште пет општини во БиХ, како и во Хрватска, т.е. Книнска Краина и Источна Славонија, 1991-95.

Пресудата исто така утврди дека не е докажано дека Станишиќ и Симатовиќ биле учесници во заедничко злосторничко дело, чија цел била трајно и насилно отстранување на несрпското население од големи делови на територијата на Хрватска и Босна и Херцеговина, јави Бета.

Судскиот совет утврди дека Станишиќ и Симатовиќ знаеле за злосторничкото здружување, но дека обвинителите не докажале дека тие, заедно со другите учесници, ја делат таа злосторничка намера.

Според денешната пресуда, беше утврдено дека и други политички, воени и полициски службеници на Србија, Република Српска Краина и Република Српска биле учесници во тоа злосторничко дело. (МИА)

Коронавирус