четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 130
home Регион

Харадинај: Сочувствувам со БиХ, но таксата нема да се укине

Харадинај: Сочувствувам со БиХ, но таксата нема да се укине

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека посакува добри односи со Босна и Херцеговина и ја разбира вознемиреноста на таа држава за таксата од 100 отсто што неговата Влада ја воведе за увозот на производи од БиХ, но порача дека таа нема да се укине до признавањето на косовската независност од страна на Сараево и Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на предновогодишната конференција во Министерството за регионален развој изјави дека сочувствува со БиХ, како „земја која заслужува почит и партнерство“ и дека мерката од 100 отсто такса на увозот од БиХ „не е воведена за да се повредат односите меѓу двете земји и двата народи“, туку се работи за „одредено дејствие, во одредена ситуација, која се однесува на прашањето на признавањето“.

– Сакаме преку оваа одлука која ја донесовме да постигнеме Србија да не признае. Тие имаат потреба од нашиот пазар, ние имаме потреба од признавање на независноста. Исто така сакаме да ѝ олесниме и на Босна утре да донесе одлука за признавање на Косово, бидејќи ние немаме отворени прашања со Босна и не сакаме да ги повредиме со оваа одлука, рече Харадинај.

Косовската Влада, и покрај несогласувањата од меѓународниот фактор, меѓу другите и на Европската унија, останува на одлуката дека таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и БиХ ќе се укине само откако ќе престане деструктивниот однос на Србија кон Косово и откако тие две држави ќе ја признаат независноста на косовската држава.

Коронавирус