петок, 27. април 2018. Вести денес: 14
home Регион

Харадинај: Косовската надворешна политика ја води Америка

Харадинај: Косовската надворешна политика ја води Америка

Косовскиот прмеиер Рамиш Харадинај изјави дека „Косово нема надворешна политика и дека припаѓа на клубот што го води Америка“.

– Ние сме дел од Европа и соработуваме со Брисел и со Берлин. Но, кога во прашање е надворешната политика ние сме дел од клубот што го предводи Америка. Нам тоа ни е проблем да го признаеме, немаме ниту време да се занимаваме со проблемите во светот, изјави Харадинај за Хепи телевизија.

Тој вели дека бил дел од косовски тим што го поддржал Бриселскиот договор, но останува на ставот дека ЗСО може да биде формирана само врз основа на косовскиот Устав, пренесе Танјуг.

Според него, потребно е да се види „за каква ЗСО станува збор и потоа – кога ќе биде формирана“.