четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Регион

Хаос во соседството, граѓаните на улица: Вака се тресеше денеска Грција (ФОТО+ВИДЕО)

Хаос во соседството, граѓаните на улица: Вака се тресеше денеска Грција (ФОТО+ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер ја погоди централна Грција, односно градот Лариса.

Како што стои на интернет апликацијата за следење на земјотреси, потресот е со јачина од 6,9, а епицентарот бил на длабочина од 2 километри.

Дел од локалните медиуми пренесуваат дека јачината на потресот е 6,2 степени.

Инаку претходно Европско медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека потресот бил со јачина од 6,9 степени по рихтер.

Дека станува збор за силен земјотрес говорат и видеата кои што се шират на социјалните мрежи. На истите може да се забележи јачината на истиот, како и испаничените граѓани кои од страв ги напуштиле своите домови.

После силниот земјотрес следеа уште неколку силни потреси.

Коронавирус