сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Регион

Грозоморно: Родители си го фрлиле новороденчето во грмушки

Грозоморно: Родители си го фрлиле новороденчето во грмушки

Недалеку од Мостар, Босна и Херцеговина, вчера е пронајдено тело на новороденче, старо две недели.

Од полицијата потврдуваат дека го нашле бебето, откако кај нив било пријавено дека бебето исчезнало.

Земени се траги од местото за понатамошна истрага.

За случајот, уапсен е М.Ш. (56) од Груда, чија сопруга М.Ш на 1 септември се породила во болницата во Мостар.

Таа излегла од болница на 5 септември во придружба на мажот, а што ги натерало штотуку роденото бебе да го фрлат во грмушките не се знае.

Тие имаат три деца, а случајот во полиција го пријавил таткото на родилката.

Коронавирус