четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 183
home Регион

Грција сепак ја отвори границата за граѓаните на Србија – преку Бугарија

Грција сепак ја отвори границата за граѓаните на Србија – преку Бугарија

Грчката влада доцна синоќа донесе одлука да дозволи преминување на српските граѓани преку границата меѓу Бугарија и Грција.

Српскиот конзул во Атина Милан Вукосављевиќ успеал да издејствува граничниот премин Промахонас, односно Кулата, да се отвори за српските туристи, кои вчера таму чекаа цел ден.

Според Новости, српските туристи го минале граничниот премин и се упатиле кон летните одморалишта.

Владата на Србија би требало денеска во текот на денот да добие документ што ќе им гарантира на сите Срби дека ќе ја преминат границата меѓу Бугарија и Грција, објави Б92.

„Утре Владата официјално ќе донесе одлука да ја вклучи Србија со овие земји од ЕУ и шенген-зоната, за граѓаните на Србија да можат да влезат во Грција“, рече вчера српскиот министер за туризам Расим Љајиќ, прецизирајќи дека ова важи за сите гранични премини и дека на Грците не им е гајле од каде влегуваат патниците – преку Македонија или преку Бугарија.

На прашањето дали препорачува агенциите да почнат да организираат патувања во Грција, министерот рече дека сите одлуки од денеска ќе бидат официјални.

Локални избори 2021