понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 122
home Регион

Грција погодена од серија на силни земјотреси

Грција погодена од серија на силни земјотреси

За помалку од еден час, кусо по полноќ, во Грција беа регистрирани четири земјотреси со јачина од 4 до 4,8 степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на сите земјотреси е во близина на градовите Егио и Нафпактос во западниот дел на Грција.

Првиот земјотрес од 4,8 степени беше регистриран неколку минути по полноќ, а според грчките медиуми, во околните области имало лизгање на земјиштето и мала материјална штета, а дел од жителите на градот Нафпактос ноќта ја поминаа надвор, на отворено.

Освен земјотресите од над 4 степени, биле регистрирани и над 30 помали земјотреси со ист епицентар.

Коронавирус