петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Грција планира да изгради лебдечка ограда поради мигрантите

Грција планира да изгради лебдечка ограда поради мигрантите

Владата во Грција сака да изгради лебдечка ограда за да ги спречи мигрантите да стигнат до грчките острови од блискиот турски брег.

Грчкото Министерство за одбрана ги повика приватните компании да достават понуди за лебдечка ограда долга 2,7 километри во рок од три месеци, се наведува на веб-страницата на грчката Влада.

Засега нема детали за тоа кога би била поставена оградата.

Таа треба да се издига 50 сантиметри над водата и да има трепкачки светла.

Министерството за одбрана проценува дека проектот ќе чини 500.000 евра, со вклучено четиригодишно одржување.

Во описот се наведува дека лебдечката ограда треба да биде изградена „со невоени спецификации“ и со специфични карактеристики за извршување на мисијата во управувањето со бегалската криза.

Коронавирус