недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 104
home Регион

Грција од петок ги отвора вратите за туристите – Ова се протоколите кои ќе важат на плажа

Грција од петок ги отвора вратите за туристите – Ова се протоколите кои ќе важат на плажа

На 14 мај Грција конечно ги отвора границите за туристите. Плажите веќе се отворени од вчера, но секако под посебни правила. Според официјалните информации за влез во Грција ќе ви биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за имунизација.

И додека многуте граѓани и сопственици на туристички кампови едвај чекаат да се отвори сезоната за четири дена од денес, еве каква е состојбата на плажите таму.

Туристите прво мора да испратат СМС порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите. Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите- чадор и две лежалки, мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.

Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки, а исто така за персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба. Музиката на плажа е забранета.

ЕУРО 2020

Македонија