четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 12
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Регион

Грција очекува 900.000 туристи од Србија

Грција очекува 900.000 туристи од Србија

Оваа година очекуваме 900.000 туристи од Србија во Грција, рече министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас од Белград, каде што одржува низа средби со туристички оператори и агенции, но и со претставници од српската Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „ЕРТ“, Кикиљас истакна дека летово, српските туристи ќе бидат за 250.000 побројни од лани.

-Туристичките агенти, Србите, на средбата што синоќа што ја имавме ми соопштија дека за овогодинешната сезона очекуваат 900.000 Срби во Грција. Лани беа околу 650.000. Оваа година околу 250.000 Срби повеќе ќе дојдат во нашата земја, рече министерот за туризам на Грција.

Во однос на севкупните очекувања за претстојната туристичката сезона, за бројот на туристи и слично, Кикиљас одби да даде предвидување, рече дека тоа ќе го стори на крајот од годината.

Истакна дека и покрај тоа што годинава е година на повеќекратни кризи, сепак беа отворени зимските дестинации, крстарењата, додавајќи дека задоволителни се податоците за велигденските и првомајските празници.

-И сега податоците се многу охрабрувачки. Половина милион директни патници од Америка, Грција е првата дестинација за француски туристи, зајакнување на туризмот од Велика Британија, од Скандинавските земји, одлични се податоците од „ТУИ“ и „Дер туристик“во Германија, од Израел, но и од балканските земји, а Грција е број еден дестинација за патен туризам за романските туристи, рече Кикиљас за ЕРТ. (МИА)

Коронавирус