вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Грција ќе произведува заштитни маски

Грција ќе произведува заштитни маски

Од утре, според најавите на грчкиот министер за развој и инвестиции, Грција ќе започне производство на заштитни маски, а целта е девет милиони месечно, јави дописничката на МИА од Атина.

-Работевме интензивно за да им дадеме на дозволи на индустриите да произведат повеќе антисептици. Го зголемивме производството од 200.000 на еден милион парчиња. Истиот модел го следиме и за маските. Веќе помогнавме и дадовме лиценца на индустрија да прави маски во Грција. Од 25 април започнува производството со девет милиони маски месечно. Што значи дека за две- три седмици, како што се нормализираше пазарот со антисептици, ќе се нормализира и пазарот за маски, рече министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ.

Во фазата на постепено укинување на рестриктивните мерки во Грција, граѓаните ќе биде потребно да носат заштитни маски во затворени простори, а надлежната комисија во Министерството за здравство на Грција на вчерашниот состанок ги усвоила препораките од Европскиот центар за контрола на болести.

Професорот Сотирис Циодрас рече дека носењето маски ќе биде во делови каде што има голем број на луѓе, во затворени, а не во отворени простории, а како пример ги спомена супермаркетите, аптеките, како и јавниот превоз.

-Оваа употреба ќе биде истовремено со специјална информативна стратегија за да нема погрешна употреба на маската, да не дава лажно чувство на безбедност. Ќе следат повеќе упатства во врска со ова прашање и начинот на употреба на маските, рече Циодрас на вчерашната редона прес конференција во Министерството за здравство на Грција.

Коронавирус