четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Регион

Грција ќе го плаќа сместувањето на туристите ако се разболат од вирусот

Грција ќе го плаќа сместувањето на туристите ако се разболат од вирусот

Грција ќе им плаќа сместување на туристите кои ќе бидат позитивни на коронавирус во текот на престојот во оваа земја, изјави портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.

„Ќе бидат сместени во хотел, на државен трошок. Ова сме го правеле во минатото и ќе продолжиме и понатаму“, додаде тој пред новинарите.

Пецас објасни дека Грција ќе им плаќа сместување и на оние кои пристигнале во таа земја и мораат да останат во карантин, откако се затворени границите.

„Илјадници луѓе минаа низ процесот на карантин“, нагласи тој и потсети дека тестови на COVID-19 се прават на меѓународниот аеродром во Атина, а посетителите остануваат една ноќ во хотел додека не стигнат резултатите од тестирањето.

Во зависност од резултатите туристите може да останат во седумдневен карантин или под строг надзор 14 дена, ако се позитивни.

„Ќе продолжиме со таа пракса, но со една разлика. Очекуваме да има помал број случаи, се надеваме дека нема ни да ги има бидејќи епидемиолошките циклуси се движат надоле. Нашата цел е да обезбедиме максимална безбедност за локалните жители и за туристите“ вели тој.

Пецас не појасни дали Грција, покрај сместувањето, ќе плаќа храна и лекови за туристите позитивни на COVID-19.

Парламентарни избори 2020