сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 79
home Регион

Грција и кредиторите до 21 јуни ќе ги завршат преговорите за олеснување на грчкиот долг

Грција и кредиторите до 21 јуни ќе ги завршат преговорите за олеснување на грчкиот долг

Грција и нејзините кредитори, до 21 јуни ќе ги завршат преговорите за олеснување на долгот на земјата, изјави грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос по денешната средба на министрите за финансии од еврозоната во Софија.

Цакалотос повтори дека Грција не би сакала да бара превентивна кредитна линија откако во август ќе и заврши спасувачката програма. Сепак, тој додаде дека во периодот кој ќе следи, Атина ќе биде подложена на засилен надзор.

– Нема да има нова програма, затоа нема да има претходни дејствија, рече Цакалотос.

Тој додаде дека кон средината на мај во Атина ќе се вратат претставници на кредиторите, каде ќе имаат разговори за последнaта ревизија на спасувачката програма.

МИА

Коронавирус