четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Регион

ГРЦИЈА ГОРИ: Во изминатите 24 часа регистрирани 58 пожари, денеска избувнаа три нови

ГРЦИЈА ГОРИ: Во изминатите 24 часа регистрирани 58 пожари, денеска избувнаа три нови

На три различни локации од утрово активни се три пожари во Грција, еден во регионот Атика, пошироката област на Атина и два на Пелопонез, додека пак во изминатите 24часа грчката противпожарна служба интервенирала во гаснење на 58 шумски пожари во целата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Апропиргос, во западното предградие на Атика, претпладнево изби шумски пожар, но не претставува опасност за околните населби. Во гаснењето учествуваат 35 пожарникари со 15 возила, еден пешадиски тим и два хеликоптери.

Пожари има и во северозападниот дел и во југозападниот дел на Пелопонез. Во областа Варда, интервенираат 32 пожарникари со 15 возила, 10 пешадиски тимови, три авиони и еден хеликоптер, а во регионот на Месиниа, 13 пожарникари со 6 возила, три авиони и еден хеликоптер.

За вчерашниот пожар на грчкиот остров Лерос, уапсен е 20годишен странски државјани, жител на островот под сомнение дека го подметнал пожарот што синоќа беше ставен под контрола, а во кој изгореа над 40 хектари борова шума.

Исто како и за вчера, така и за денес и утре, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, предупредува за многу висока опасност од пожари во повеќе делови на земјата.