недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 91
home Регион

Грција го вклучува и колхицинот во терапијата за Ковид-19

Грција го вклучува и колхицинот во терапијата за Ковид-19

По едногласната позитивна одлука на Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, колхицинот се вклучува во протоколот за третман на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Терапијата со колхицин ќе биде за пациенти позитивни на Ковид-19, постари од 60 години, без оглед дали имаат претходни заболувања и за пациенти на возраст од 18-60 години со барем една болест или температура повисока од 38 степени.

Според информациите од Министерството за здравство на Грција, колхицинот ќе се дава во форма на апче и само со рецепт, а е безбеден и тестиран лек во повеќе болести и ја намалува воспалителната реакција на организмот.

Одлуката на надлежната комисија доаѓа откако биле разгледани неодамнешните научни податоци и по резултатите објавени вчера од канадското истражување за терапијата со колхицин кај пациенти со Ковид-19, според кои има намалување за 44 отсто на смртноста, 25 отсто на хоспитализација и 50 проценти на потреба за интубација.

Коронавирус