петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Грција ги укинува ограничувањата за подигнување готовина од банкомати

Грција ги укинува ограничувањата за подигнување готовина од банкомати

Со одлука на Министерството за финансии на Грција, од 1 октомври Грците без ограничувања ќе можат да подигнуваат готовина од банкоматите.

Со тоа по повеќе од три години се укинува ограничувањето за подигнување готовина, воведено со мерките за контрола на капиталот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одлуката од грчкото Министерство ќе биде објавена во Службен весник, а се однесува на измени на ограничувањата во два конкретни случаи: секаков вид на подигнувања готовина без ограничување и движење на капитал во внатрешноста на земјата, додека пак во следниот период се очекува комплетно да бидат укинати ограничувањата за пренесување капитал во странство.

Ограничувањата за подигање готовина беа воведени на 29 јуни 2015, кога дневниот дозволен износ за Грците беше 60 евра. Со текот на времето, како што се подобруваше финанската состојба на земјата, се воведуваа олеснувања, а сега граѓаните нема да имаат никакви ограничувања за подигнување готовина од банкоматите.

Коронавирус