вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 78
home Регион

Грција бара доживотен затвор за 7 Срби поради убиството на Бакари Хендерсон

Грција бара доживотен затвор за 7 Срби поради убиството на Бакари Хендерсон

За седум српски државјани, кои се меѓу деветмината обвинети за убиството на американскиот Бакари Хендерсон на грчкиот остров Закинтос, во обвинителниот акт се бара доживотен затвор, објави денеска српскиот весник „Политика“.

Весникот пишува дека истрагата утврдила оти младиот човек починал 11 секунди по удар со нога во главата и дека еден од учесниците во тоа кривично дело никогаш не е идентификуван.

Според одлуката на советот за прекршоци на Закинтос, таа казна е побарана во обвинението на 55 страници за деветмина учесници во тоа кривично дело, а на шестмина учесници  ќе им се суди за „тешко кривично дело убиство без предумисла во мирна психичка состојба”.

Во заклучокот на судијата се вели дека „младиот Американец бил нападнат со намера да биде убиен“.

Инаку, лани во јули, 22- годишниот американскиот државјанин Бакари Хендерсон беше убиен на Закинтос по караница за девојка.

Коронавирус