четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Грчкиот претседател пренесен во болница

Грчкиот претседател пренесен во болница

Претседателот на Грција Прокопис Павлопулос денеска бил пренесен во Центарот за кардиохирургија „Оназис“ во Атина, поради висока температура предизвикана од вирус, за да му се направат дополнителни испитувања, објавија грчките медиуми.

Од кабинетот на Павлопулос, рано утрово преку соопштение ги известија новинарите и медиумите дека „поради вирус на претседателот на државата Прокопис Павлопулос, денешните средби во претседателската палата нема да се одржат“, јави дописничката на МИА од Атина.