четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Регион

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за доверба на владата на Мицотакис

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за доверба на владата на Мицотакис

Парламентот на Грција вечерва ќе гласа за доверба на новата влада, откако претходно расправата, со обраќање, ќе ја заврши грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Кусо пред 10 часот започна третиот и последен ден од расправата, а се очекува збор да земат пратеници од сите партии, како и министри и заменици во владата, меѓу кои и шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Расправата најавено е да заврши околу полноќ, иако доколку говорниците строго се држат до времето за обраќање може тоа да се случи и порано.

На обраќањето на Мицотакис, ќе му претходат говори на лидерите на политичките партии што на изборите на 7 јули обезбедија место во Парламентот.

Според досега изнесените јавни ставови, грчката Влада ќе добие доверба само од пратениците на Нова демократија.

Расправата почна во петокот попладне со говор на Кирјакос Мицотакис, а по него следеа претседателите на партиите. Во изминатите два дена, министри, заменици министри и пратеници од владејачката партија ги презентираа приоритетите и стратешките цели на новата влада.

МИА