четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Регион

Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка Грција – САД

Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка Грција – САД

Со 181 глас „за“ и 119 „против“ грчкиот Парламент вечерва го ратификуваше вториот изменет протокол на Договорот за взаемна одбранбена соработка меѓу Грција и САД, јави дописничката на МИА од Атина.

Обновената верзија на заедничкиот договор меѓу двете земји ја поддржаа пратениците од владејачката Нова демократија и опозициската ПАСОК- Движење на промена, како и двајца независни пратеници.

На гласањето му претходеше целодневна расправа во Парламентот, а на седницата се обратија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, кои ги претставија нивните позиции.

Попладнево, во пресрет на гласањето Комунистичката партија на Грција одржа протест против војната, против договорот со САД и против НАТО.

Договорот меѓу Грција и САД, што е во траење од пет години, во октомври минатата година го потпишаа Блинкен и Дендиас во Вашингтон.

Ратификацијата доаѓа само неколку дена пред официјалната посета на грчкиот премиер на САД в понеделник и вторник и средбата со американскиот претседател.  (МИА)

Коронавирус