понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 132
home Регион

Грчката Влада не дозволува профитерство со цените за тестовите – одредува најскапа цена за тест од 40 евра

Грчката Влада не дозволува профитерство со цените за тестовите – одредува најскапа цена за тест од 40 евра

Грчката Влада одлучи да воведе плафон за цените на тестовите, па така тие не смее да бидат поскапи од 40, односно 10 евра, во зависност дали се работи за ПЦР или за брз тест.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи Панајотис Стамбулидис на денешната редовна прес конференција за болеста во Министерството за здравство на Грција ја соопшти одлуката, објаснувајќи дека во моменти кога голем дел од бизнисите се затворени поради карантинот, а Владата поддржува здрава конкуренција, неопходно е да се спречат случаи на профитерство.

– Министерот за развој и инвестиции во следните денови ќе достави соодветен амандман според кој ќе може да се одредат највисоки крајни цени за добра и услуги неопходни за заштита на јавното здравје и економските интереси на граѓаните. По гласањето и објавувањето во Службен весник ќе се издаде министерска одлука со која ќе стапат во сила највисоките цени за вршење испитувања за коронавирусот SARS-COV2 за секој од приватните центри што ја нудат оваа услуга – објасни Стамбулидис. Тој соопшти дека молекуларниот тест ќе чини најмногу 40 евра, а рапид тестовите 10 евра. Инаку цените на ПЦР тестовите сега се од 70 до 90 евра.

Коронавирус