четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 14
home Регион

Грчката Влада ја разгледува можноста да воведе задолжителна употреба на маска во продавниците и црквите

Грчката Влада ја разгледува можноста да воведе задолжителна употреба на маска во продавниците и црквите

Во следните денови, следејќи ги препораките од експертите, доколку биде потребно, употребата на маска, ќе биде задолжителна во повеќе затворени простори, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас истакна дека ги загрижува зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 особено во големите урбани средини како што е областа Атика, поширокиот регион на Атина и Солун и токму затоа се разгледува можноста да се воведе задолжитела употреба на маска онаму каде што сега не постои обврска за граѓаните.

Како пример ги спомена продавниците во моловите и трговските центри, но и црквите.

Објасни дека е нешто се разгледуваа од експертите и кога ќе постои одлука од надлежната комисија, ќе биде соопштена.

Портпаролот на грчката Влада повтори дека главниот непријател е во внатрешноста на земјата, а тоа е олабавувањето на граѓаните.

-Зголемениот број случаи во урбаните центри како што се Атика и Солун потсетува дека вирусот и понатаму е присутен и се храни од нашата опуштеност, истакна портпаролот на грчката Влада.

Паралелно, соопшти дека во периодот од 24 до 26 јули биле направени 2.816 контроли за почитување на здравствените протоколи, биле регистрирани прекршувања во 198 случаи и изречени 220 казни во висина од 86.050 евра. (МИА)

Коронавирус