сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 85
home Регион

Грчката Влада ги заострува мерките на копнените граници- еве ја нивната одлука која е разочарувачка за туристите

Грчката Влада ги заострува мерките на копнените граници- еве ја нивната одлука која е разочарувачка за туристите

Поради зголемениот број поминувања кон соседните земји, но и поради зголемениот број позитивни случаи на граничните премини, грчката Влада, со одлука на премиерот Кирјакос Мицоакис, а по препорака на надлежните, ги заострува мерките на копнените граници и од 22 јули до 4 август за Грците и оние кои имаат дозвола за престој, влезот и излезот од земјата ќе биде дозволен само од шест гранични премини, соопшти портпаролот Стелиос Пецас наденешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Освен она што веќе е одлучено и е во сила за влез од Промахонас, од вторник кон среда 22 јули на полноќ, до 4 август, влезот на грчка територија за есенцијални поминувања дозволено е само од граничните премии Какавиас, Кристалопигис, Евзони, Промахонас, Нимфеас и Кипи, рече Пецас и додаде дека и грчките граѓани и оние кои имаат дозвола за престој, исто како и туристите сега веќе ќе бидат обврзани да го пополнат специјалниот образец Passenger Locator Form (PLF).

Во однос на сезонските земјоделски работници портпаролот на грчката Влада објасни дека во случај да излезат од Грција пред 4 август, нема да имаат право повторно да влезат во земјата.

Пецас рече дека „тешката слика ја потврдуваат и резултатите“ од направените тестови по случаен избор.

Осум позитивни случаи од 866 тестови награничниот премин Какавиа со Албанија и 170 потврдени случаи на Ковид-19 од 19.676 анализи на Промахонас во периодот од 1 до 18 јули 2020 година.

-Во изминатата седмица од 12 до 18 јули, се забележа континуиран зголемен бран на поминувања (влез – излез) од 12-те копнени точки за влез во земјата (освен Промахонас). Поконкретно, 20.331 поминувања од Албанија, 8.049 од Бугарија (без Промахонас), 16.358 од Северна Македонија и 4.325 од Турција, рече Пецас.

Грчките државјани, досега имаа можност преку сите гранични премини да ги посетуваат соседните земји, без никакви контроли, а градоначалниците на пограничните градови упатуваа апели до Грците, да ги избегнуваат или да ги сведат на минимум нивните патувања во соседните земји, особено во Македонија.

-Нагласуваме дека коронавирусот е тука и бараме од сите грчки граѓани да ги избегнуваат непотребните движења во епидемиолошки оптоварените области, како што сега се оние на Балканот, порача Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Доаде дека „Грција е и ќе остане здравствено безбедна земја“, а Владата ќе преземе и доополнителни мерки доколку биде потребно.

Во однос на контролите за почитување на здравствените протоколи и превентивните мерки за заштита од Ковид-19, Пецас рече дека од 17 јули до денеска биле спроведени 2.884 контроли во цела Грција, биле констатирани прекршувања во 144 случаи, изречена 161 казна во висина од 38.250 евра и вкупна забрана за работа од 30 дена.

Коронавирус