недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Регион

Грчката полиција уапси лидер на меѓународна криминална група

Грчката полиција уапси лидер на меѓународна криминална група

Грчката полиција соопшти дека уапсила водач на „европска организирана криминална група“, кој се занимавала за провални кражби, грабежи и изнудувања во Франција и Грција.

Педесет и седумгодишниот Грузиец е меѓу 14-мината уапсени во Солун во дводневна операција во која учествувале повеќе од 100 полицајци. Меѓу уапсените се уште две лица за кои се смета дека се меѓу водечките членови на групата.

Се претпоставува дека криминалната група во текот на минатата година извршила најмалку 56 кражби во Солун, при што биле украдени предмети во вредност од над милион евра.

Други 17 осомничени членови на криминалната група беа уапсени во Франција за грабежи во областите Бретања и Нормандија.

Коронавирус