среда, 2. декември 2020. Вести денес: 68
home Регион

Грчката полиција нуди психолошка поддршка за семејствата на настраданите во катастрофалните пожар

Грчката полиција нуди психолошка поддршка за семејствата на настраданите во катастрофалните пожар

Со двајца психолози и 10 монтажни контејнери за живеење со шест легла, грчката полиција им помага на погодените од катастрофалните пожари пред 10 дена од источниот дел на областа Атика.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за психолошка поддршка за семејствата на загинатите, но и за преживеаните, двајца психолози од грчката полиција, од денеска секојдневно, но и за време на викендите им стојат на располагање на граѓаните.

Од грчката полиција денес соопштија дека освен психолозите кои што се во детскиот камп во близина на Мати, во истиот простор, за сместување на оние кои што останаа без покрив над глава, на располагање се и 10 монтажни контејнери со шест легла.

МИА

Коронавирус