петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 3
home Регион

Грчката партија Движење на промена в недела одбира ново име

Грчката партија Движење на промена в недела одбира ново име

Движење на промена или ПАСОК- Движење на промена се двете опции што ги имаат членовите на грчката партија Движење на промена за в недела да одберат ново име на партијата во пресрет на Конгресот на крајот од месецов, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за партијата која од 2017 година го промени името од ПАСОК во Движење на промена, а новиот лидер Никос Андрулакис избран пред неколку месеци најави враќање на старото име.

В недела ќе се одржат внатрепартиски избори за делегати на Конгресот, а паралелно членовите ќе гласаат и за ново име на партија.

Првата опција е актуелното име Движење на промена со актуелниот симбол, додека пак втората опција е комбинација од старото и новото име, односно ПАСОК – Движење на промена, пропратено со симболот на ПАСОК, зелено сонце.

Движење на промена е централно левичарска партија и трета политичка сила во Грција.

Коронавирус