среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 22
home Регион

Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква

Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква

Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) денеска и официјално го призна автокефалноста на Украинската православна црква (УПЦ).

Одлуката е донесена по барање на Вселенската патријаршија. Во гласањето во Синодот учествуваа 80 епископи. Одлуката ја објави Архиепископот Атински и на цела Грција, Јероним.

На 6 јануари оваа година Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул потпиша указ за автокефалност на Украинската православна црква. Претходно, патријархот го поздрави успешното одржување на обединувачкиот собор во Украина. Патријархот Вартоломеј го покани митрополитот Епифаниј да му врачи Томос за автокефалност.