четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 109
home Регион

Градоначалникот на Тирана, позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Тирана, позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на социјалните мрежи потврди дека е позитивен на коронавирус.

Во објавата тој тврди дека и покрај сите мерки што ги преземал за своја лична заштита и заштитата на луѓето околу него, сепак, не успеал да се заштити од Ковид -19.

Велиај посочи дека е во добра здравствена состојба, а од денеска ќе продолжи да работи со истата посветеност од дома.

-Пријатели, тестот што го направив, денеска бев известен дека го потврдил присуството на вирусот. Јас сум во добра здравствена состојба, како и моето семејство. Но, од денеска ќе продолжам да работам со истата посветеност за Тирана од дома. Никој од нас не е имун на овој вирус, затоа Ве молам, не заборавајте да ги миете рацете што е можно почесто и да носите маска за да се заштитите себе си и вашето семејство колку што е можно. Ви посакувам се најдобро за вашите семејства. Здравје и љубов на сите и длабока благодарност до лекарите херои. Ќе се видиме повторно, напиша Велиај.

Прв брзо закрепнување на Велиај му посака претседателот Илир Мета, кој побара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со пандемијата.

-Загрижувачкото темпо на зголемување на случаите на погодени граѓани, за жал, и на бројот на жртви, бара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со сериозните последици од оваа опасна пандемија ,напиша Мета на својот фејсбук профил.

Коронавирус