недела, 21. април 2019. Вести денес: 0
home Регион

„Гори“ Тирана: Димни бомби и чад- опозицијата бара оставка од Рама (ВИДЕО)

„Гори“ Тирана: Димни бомби и чад- опозицијата бара оставка од Рама (ВИДЕО)

Во текот на протестите кои овој викенд се одржаа во Тирана, демонстранти носеле маски, палеле бакли и го гаѓале кордонот на полицијата со димни бомби, петарди и мастило.

Учесниците на протестот фрлале и овошје и зеленчук кон зградата на владата и истуриле млеко по плочникот.

Албанската агенција АТА пренесе дека полицијата ги преземала сите соодветни мерки за зачувување на безбедноста и мирен тек на протестот на опозицијата а како беше таму вчера погледнете во видеото подолу.

Обединетата албанска опозиција бараше оставка на премиерот Еди Рама и формирање на преодна влада која ќе спроведе предвремени парламентарни избори.